Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Термини за натпреварот по Природни науки

2020-03-17 11:26:37

Почитувани родители и ученици, во врска со мерките на Владата за привремено прекинување на наставниот процес во училиштата, направивме консултација со колегите од другите здруженија (математика, физика, хемија и информатика) за промена - поместување на термините за натпреварите. 

Новите термини за наредните две нивоа на натревари се следните:

Регионалните, наместо 28.март ќе се одржат на 25. април (сабота)

Во истиот термин се одржуваат регионалните натпревари по математика (основно) и затоа сите учесници кои истовремено се учесници на математика и биологија или природни науки, директно ќе се пласираат на државен по биологија или природни науки,  

Државните натпревари за основно, наместо на 9. мај ќе се одржи на 30.мај (сабота). 

Известувањето е објавено и на веб страницата на друштвото. 

Искрено се надеваме дека нема да има потреба за друго поместување!

Македонско биолошко друштво

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner