Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Нашите врати се отворени за првачиња

2020-05-04 14:13:27 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРВАЧИЊА

Општинско основно училиште ,,Киро Глигоров – Скопје, запишува ученици

во прво одделение во учебната

2020/2021 година 

 

Во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на календарската 2020 година ќе наполнат 6 години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

Уписот ќе се реализира електронски на следната меил адреса: prvacinjakirogligorov@gmail.com

Електронска пријава за упис на првачиња

ЛИНК

(За граѓаните кои немаат услови за on-line пријавување, ќе се овозможи лично доставување на пријавите и потребните документи,веднаш кога за тоа ќе се создадат услови.)

Потребно е да ја пополните Пријавата за упис која може да ја најдете на web страната на училиштето: ooukirogligorov.edu.mk

Пријавите да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 25 мај.

Потребни документи за запишување:
Извод од матична книга на родените на ученикот (може и копија)-на увид;

Лична карта од родител  - на увид;

Потврда за примени задолжителни вакцини – останува во училиштето;

Потврда за орално здравје од стоматолог - останува во училиштето;

Документите треба да бидат доставени на денот на тестирањето на Вашето дете.

Дополнително ќе бидете известени телефонски за терминот на тестирање кој ќе се реализира во месец јуни.

Улици кои влегуваат во опфатот на ООУ" Киро Глигоров"-општина Центар
ЛИНК

                                                                                                                             Директор

                                                                                                                 Билјана Билбиловска

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner