Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

За училиштето

2020-02-03 16:37:51

 

Во училиштето „Киро Глигоров" воспитно – образовната работа во целодневна настава  е организирана  за учениците од I - IV одделение од деветгодишното образование и класична настава за учениците од петто одделение.

Преку целодневната настава  училиштето се ангажира да создаде стимулативни  услови за школување и психо-физички развиток на децата.

Воедно на децата им се обезбедува хигиенско сместување,квалитетна исхрана,помош во завршувањето на задачите,поттикнување на креативноста  кај учениците, воспитно делување врз нив, како и развивање успешна меѓусебна социјализација со соучениците.

Два одделенски наставника ја реализираат  наизменично наставата  со  образовни часови  и слободни активности (секции, спортски активности, учење,како и организиран заеднички појадок и топол оброк). 

Работното време во целодневна настава е од 8.00-15.00.

Еден час пред почетокот на наставата и еден час после завршување на наставата се организира дежурство од страна на наставниците на секој кат одделно. Целта е учениците да бидат згрижени и безбедни додека престојуваат  во училиштето.

Режим  на денот во целодневна настава:

 

  

  7.30-8.00

прием на учениците од дежурните наставници

 8.00-12.00

редовна настава

образовни часови

математика,македонски јазик,ликовно,музичко,физичко и здравствено  образование,англиски јазик,природни науки,општество, техничко образование

12.00-13.30

ручек,одмор, креативно осмислено слободно време

 

13.30-15.00

самостојна работа,диференцирана работа со учениците,изборни предмети,креативни и слободни активности.

 

 

1515-17.00

 

згрижување на децата од страна на дежурните наставници

 

во овој период од денот учениците одат  на спортско-рекреативни активности, изучуваат странски јазици, танц и други активности кои се одржуваат во простории во училиштето,а учениците се вклучени во нив  по  сопствен избор.

 

 

 

Самостојната работа  се часови на кои со порационални  и поефикасни методи на учење, треба на учениците да им се помогне и покаже како полесно да совладаат наставни содржини. Се користи индивидуалниот приод со  примена на техники и постапки во самостојното учење.

Слободното време се часови на кои доколку дозволуваат временските услови, се изведуваат во училишниот двор, на спортско-рекреативните терени и во забавното катче. За време на овие часови често се посетуваат филмски претстави, музеи, изложби, манифестации, фестивали на детски песни и сл.

Дополнителната настава т.е. часовите за работа со диференцијални групи се можност да се посвети поголемо внимание  на оние групи ученици кои имаат потреба да напредуваат  во  наставата, во зависност од нивните способности и постигнати резултати.

Работата во целодневна настава – продолжен престој, претставува предизвик за наставниците. Имајќи ги во предвид целите на самата професија, крајното достигнување е желбата, ученикот-успешно, креативно и со  задоволство да го минува  времето во училиште. На наставникот му се даваат можности да ги истакне своите креативни способности, своето знаење и професионализам во работењето.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner