Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

ВЕЗ ДО ВЕЗ – ТРАДИЦИЈА, ЗБОР ПО ЗБОР – ЗАЕДНИЧКА ЕДУКАЦИЈА

2024-03-11 22:34:36 Развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

Нашето училиште е едно од добитниците на отворениот повик на Министерството за образование и наука за доделување на грантови на основните училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, ќе се реализираат во партнерство со училиштето „Св.Кирил и Методиј “ - село Кучевиште , Општина Чучер Сандево , Скопје со кое нашето училиште има потпишано меморандум за соработка.

Со заедничкиот проект ,,ВЕЗ ДО ВЕЗ – ТРАДИЦИЈА, ЗБОР ПО ЗБОР – ЗАЕДНИЧКА ЕДУКАЦИЈА " носителите на овој проект ќе овозможат учесниците од двете училишта да ги запознаат културните традиции на учениците од училиштето кое е партнер во овој проект , да стекнат нови знаења и пријателства .Eдукативната,воспитната и пред сè хуманата цел  на овој проект ќе се однесува на развивање и насочување на децата во едуцирање и почитување на мултикултурните разлики, запознавање со религијата и обичаите на сите етникуми кои опстојуваат на територија на нашата татковина.

Како дел од проектот ќе бидат организирани работилници кои ќе обработуваат теми  од културна толеранција, интеркултурен дијалог, традиции, учење јазик, воочување сличности и разлики во елементите на народните носиии , ќе настојуваме преку овој вид работилници  креативно да ги изразуваат своите вештини и знаења.

Запознавањето со културното наследство и неговата размена придонесува кон збогатување и зближување на народите. Особено во Република Северна Македонија  овој вид активности  ќе придонесуваат кон подобра интеграција и комуникација меѓу етничките заедници  како и подобро меѓусебно разбирање. Другарување,поттикнување на позитивните комуникации меѓу учениците од сите возрасни групи и вклучување  во активностите на децата со попреченост - сите деца подеднакво.

АКТИВНОСТИ  ПРЕКУ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ

 Реализирањето на проектот предвивува повеќе различни активности ,кои ќе се спроведуваат во неколку фази од проектот :

     

ЗАЕДНИЧКА БИБЛИОТЕКА  ,, КИРИЛИЦА ,, - создаваме фонд на детски сликовници , книги  и разни изданија кои се пишани на  македонски и на српски јазик аедничко за сите нив е  мисијата на Св.Кирил и Методиј и Св.Сава да го описменат и образуваат својот народ преку словенското кирилското писмо.

 

ИГРАМЕ  И ПЕЕМЕ  ЗАЕДНО ВО РИТАМОТ НА ТРАДИЦИЈАТА – совладување на основните чекори од народните ора и танци , пееме песни во чест на Св.Кирил и Методиј и Св.Сава.

НИШКА ПО НИШКА  НАРОДНА НОСИЈА , ВЕЗ ДО ВЕЗ – ТРАДИЦИЈА  кроење ,шиење и украсување кукли во елементи  од македонска и српска  народна носија.

ИЗРАБОТКА НА СЛАВСКИ КОЛАЧ – симбол на верата, љубовта ,мир, успех и бериќет во домот .Објаснување кое е значењето на секој украс од Славскиот колач.

МАЛА  ГАЛЕРИЈА  - заедничка изложба од ликовни творби низ кои учениците ги претставуваат двете училишта и заедничката мисија на Св.Кирил и Методиј и Св. Сава и нивниот пат низ територијата на Македонија и Србија ( Моравија).

Тим МИО : Билјана Билбиловска, Марина Стојановска, Татјана Багеска,

Сања Пејчиновска Крстиќ, Ѓорѓи Ристески, Билјана Васиќ, Јелена Богдановиќ и  Ирена Пешевска

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner