Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Свечено отворање на училишнита библиотека

2020-02-07 11:17:05

Денес во нашето училиште „Киро Глигоров“, свечено се отворија вратите на училишната библиотека. Учениците беа горди и среќни што се дел од едно ново богатство, едно топло катче каде што ќе уживаат во магијата на пишаниот збор.
Голем придонес за библиотеката имаше издавачката куќа „Просветно Дело“, која донираше над 100 наслови на детски книги и останата литература.
Библиотеката ја посетија и заедно со учениците споделија убави мигови, ценетите гости : г- дин Ванчо Полазаревски, г-ѓа Вера Андон, г-ѓа Ксенија Трајчева и г-дин Наум Попески, градоначалникот и претставници од Општина Центар. Голема благодарност до сите!

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner