Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

СРЕЌЕН РАСПУСТ

2020-06-09 19:17:58

  Почитувани ученици и родители,              пандемијата со која се соочи светот, донесе со себе многу неизвесност и значителни промени во нашиот живот. За жал Ковид 19 ги испразни училишните клупи, а училишните дворови останаа без детскиот џагор и смеа. Но најважно е дека не се заборавивме и останавме оддалечени само физички, а нашиот секојдневен контакт го одржувавме по електронски пат. Се потрудивме училницата да ја пренесеме во Вашите домови, со единствена цел да продолжиме да го градиме Вашето знаење. Нашиот труд ќе беше невозможен, доколку немавме поддршка од Ваша страна.           Ви благодариме за посветеноста, трпението, навремено извршените задачи и креативноста. Ова ќе биде учебна година која сите ќе ја паметиме, со единствена желба никогаш да не се повтори. Со нетрпение го очекуваме септемвриското ѕвонче да не собере на старо место.                                                                                                 Со почит колективот на ООУ "КИРО ГЛИГОРОВ"-ЦЕНТАР                  

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner