,,Растеме заедно“- Различните јазици и култури го обогатуваат нашето образование!
2024-03-12 13:46:32 ,,Растеме заедно“ стекнување вештини за интерпретирање на светот не само од гледна точка на припадниците на сопствената култура туку и низ перспектива на други културиУчениците од III-г одделение градат меѓународни пријателства, комуницираат и соработуваат со ученици од повеќе земји преку проектните активности кои се дел од еТвининг -платфрормата за учење.
Во рамки на проектот ,,Растеме заедно“ стекнуваат вештини да го интерпретираат светот не само од гледна точка на припадниците на сопствената култура туку и низ перспектива на други култури. Почитувањето на културниот диверзитет придонесува за јакнење на културниот идентитет и заемно разбирање во едно современо
инклузивно општество.
Координатор на проектот е одделенскиот наставник Инека Мостерман.