Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Етички кодекси

2020-02-03 16:04:07

ПРАВИЛНИК ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО  И УЧИЛИШНИОТ ДВОР (КУЌЕН РЕД)

            Учениците, родителите и наставниците се стремат кон унапредување на воспитно-образовниот процес преку почитувањето на правилата за однесување во училиштето. Правилникот ги содржи основните начела на однесување во училиштето и училишниот двор, што е предуслов за непречена и успешна работа. Правилата се видливо истакнати во училишната зграда, така што родителите и учениците имаат можност постојано да имаат увид и училиштето да биде пријатно катче во кое постојано ќе се развива успешна соработка меѓу учениците, родителите и наставниците.

Сите учесници во воспитно-образовниот процес треба да имаат јасна слика за својата положба и улога во училиштето, да ги знаат своите права и одговорности.

 

Правила за однесување на учениците:

 

          Секој ученик треба да стигне 10 минути пред почетокот на часовите

          Да се почитува времето за почеток на часовите според распоредот на ѕвонење

          Пред секој час ученикот да го подготви потребниот прибор за работа

          По завршувањето на часовите работните простории да се остават уредни

          Учениците за време на наставата да не носат со себе вредни предмети(техничка опрема, накит, поголема сума пари и сл.) бидеќи за губење на истите училиштето не сноси одговорност

          Забрането е користење на мобилен телефон за време на часовите

          Ученикот не смее без одобрение на наставникот да го напушти часот и да се задржува во санитарните простории и ходниците

          Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон другите ученици, наставно-воспитниот, раководниот, административниот и помошниот персонал во училиштето

          На учениците не им е дозволено влегување во наставничката канцеларија без дозвола од наставник

          Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училишните простории и училишниот двор

          Ученикот секојдневно да се грижи за личната хигиена

          Учениците учествуваат во уредувањето на училниците, ходниците и училишниот двор

          Дежурните ученици се одговорни за редот, дисциплината, хигиената и обезбедуваат непречена реализација на наставата(чиста табла, сунѓер, креди)  ги пријавуваат отсутните ученици и други појави во училницата

          Дежурниот ученик останува во училница кога останатите ученици имаат друга активност надвор од училницата или ја заклучува училницата кога учествува во активностите

          Задолжително чување на училишниот инвентар

 

Правила за однесување на родителите:

 

          Родителот-старателот е должен редовно да присуствува на родителските средби, а во случај на спреченост навремено да го најави своето отсуство

          Родителот-старателот има обврска да го најави и оправда отсуството на ученикот со медицинска потврда, потврда од натпревар или некоја манифестација

          Родителот-старателот континуирано го следи напредокот и дисциплината на ученикот, индивидуално се консултира со одделенскиот раководител, предметните наставници, училишниот психолог

          Родителот има право активно да се вклучи во воспитанието на ученикот и градењето на позитивна личност

 

Правила за однесување на наставникот:

 

          Секој наставник да има соодветни етичко- морални и естетски квалитети

          Секој наставник е должен редовно да доаѓа на настава 15 минути пред почеток на часот

          Наставникот е должен редовно да ги одржува часовите и навремено да го најави своето отсуство

          Дежурниот наставник ја организира работната дисциплина во училиштето за непречено реализирање на наставата

          Дежурниот наставник прима странки, им дава инструкции или ги упатува на определено место

          Наставникот не смее да го напушти часот заради посета од родител

          Средбите со родителите ги одржува со посебна просторија

          Секој наставник е одговорен за нагледните средства во училиштето како и за училишниот инвентар

          Наставникот има обврска навремено да го информира педагоготт во училиштето за секое несоодветно однесување на учениците во училиштето и училишниот двор

 

 

Куќен ред на училиштето

  1. Наставата започнува во 8 часот, а завршува во 13:25 часот за учениците од петто одделение, додека за учениците од одделенска настава, завршува во 15:00 часот.
  2. Во училиштето за учениците од целодневна настава е организирано прифаќање и згрижување на учениците од страна на дежурен наставник , во временски период од 15:15 до 17:00 часот.
  3. Учениците се должни да доаѓаат во училиште 10 минути пред почетокот на часот.
  4. Учениците треба да го напуштат училиштето по завршувањето на наставата и да не се задржуваат во училишните простории.
  5. Учениците  се должни внимателно да ја следат наставата, активно да учествуваат на часот, редовно да носат училишен прибор и да ги изготвуваат домашните задачи.
  6. За време на  одморите, учениците треба да се однесуваат пристојно, без непотребно задржување во ходниците.
  7. Помеѓу вториот и третиот час, учениците имаат голем одмор , кој се користи за ужинка и релаксација, а се одвива во училишниот двор. Доколку временските услови се неповолни, учениците остануваат во училиштето, почитувајќи го редот и мирот во училиштето.
  8. За време на часовите, мобилните телефони се исклучуваат.
  9. Учениците треба да се грижат и чуваат училишниот инвентар.
  10. Секое намерно уништување на училишниот инвентар, го надоместува ученикот т.е. родителот на ученикот .
  11. За  безбедноста на учениците во училиштето , се грижат  наставниците и другите вработени, како и лице од Агенција за обезбедување.

 

ПОЧИТУВАЊЕТО НА КУЌНИОТ РЕД ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОГОЛЕМА ХАРМОНИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner