Директор
2020-02-03 15:41:03,, Најголемиот успех за една земја е правилното воспитување и школување на младината ,,
Билјана Билбиловска
Образованието кое детето го стекнува во првите години на своето школување битно го одредува неговиот иден став кон учењето кое треба да биде потреба и задоволство.
Начинот на организирање на времето кое детето го поминува во училиште влијае врз развивањето на чувствата на детето кон училиштето кое за него треба да претставува втор дом.
Нашата визија е да создадеме училиште што користи современи методи за работа и во креативна и стимулативна средина ќе ги подготви учениците за сите животни предизвици.
Секое дете има право на квалитетно образование кое ќе го стекне во атмосфера која мотивира и поттикнува, атмосфера што ќе го прави среќен,емпатичен кон соучениците и го подготвува да биде успешен човек во новото време на постојани промени.
Заедно со родителите, учениците и посветениот наставен кадар, со иновативна технологија на секој чекор, создаваме училиште кое постојано ќе се прилагодува на современиот свет во кој живееме.
Веруваме дека знаењата и искуствата на нашите ученици ќе бидат цврст темел врз кој тие ќе се изградат во продуктивни членови на ова наше општество .