Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Историјат на училиштето

2020-02-03 16:01:41

ООУ ,,Киро Глигоров“ е основно училиште во Општината Центар – Скопје, основано на 03.09.2019 година. Носител на оснивачките права е општина Центар.
  Училиштето се наоѓа во населба Капиштец - Центар, на улица „Адам Мицкиевиќ“ број 14 во Општина Центар – Скопје.

ООУ ,,Киро Глигоров“ е ново изградено училиште на територија на Општина Центар по цели 5 децении.  Училиштето е најмодерно во Р.С.Македонија, со современи училници, фискултурна сала, големи и светли ходници, зеленило, училишни помагала и пристојни тоалети.

Во состав на училиштето има 21 училница со акустика на простор,7 специјализирани кабинети за предметна настава,спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.Сите училници и кабинети се опремени со стандардни школски табли, прожектори и смарт-табли со повеќе функционалности на допир. Секој од специјализираните кабинети располага со соодветна опрема за предметот, кој во неа се изучува.

Модерното и најубавото училиштето  во РСМ и регионот е дело на архитект Бесиан Мехмети со архитект Стефан Атанасоски, архитект Никола Кунгуловски и архитект Арменд Хебипи.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner