Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

,,За да се развива детскиот ум, потребно е прво да се засади семе”

2024-03-18 09:56:36 „ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ #5 - ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ“ НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ,,За да се развива детскиот ум, потребно е прво да се засади семе”

 

 

ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

 

,,За да се развива детскиот ум, потребно е прво да се засади семе

Идејата за имплементација на ваков проект произлезе од самите ученици,  со истражувањата и експериментите врз растенијата во ботаничката градина и користејќи го микро-битот, наставните активности од биологија, физика, хемија, информатика и музичко образование би се збогатиле со демонстративност и практичност.

 

Растенијата посебно лековитите растенија се од големо значење за медицината и имаат клучна улога во здравјето кај луѓето. Уште од далечното минато растенијата биле потенцијален извор на лекови и можат да се користат за одржување на добросостојбата на организмот.

Традиционалното знаење за употребата на овие растенија била пренесувана од генерација на генерација, но со промена на животниот стил на помладата генерација се губи ова значење. Неопходно е младите луѓе да научат за фасцинантниот свет на лековитите растенија примената и начинот на нивното одгледување  во училиштето. Мотивирани од ова дојдовме до целта на проектот да основаме училишна ботаничка градина каде практично ќе се запознаеме со карактеристиките и начините на одгледување на овие значајни видови како за здравјето така и за проучување на биодиверзитетот на Р.С.Македонија.

Водени од теоријата на Гарднер за постоењето на различни видови на интелигенција  учениците ќе го усвојуваат знаењето  покрај теоретски, практично и експериментално и ќе дојдат до израз нивните индивидуалните способности.

Главните активности на проектот се да учениците се вклучат во истражувачки процес, со примена на програмски способности користејќи го микро–битот, ќе се запознаат со начинот на одгледување на лековити билки ( јачина на светлина, хемиски состав и влажност на почвата, влијание на музиката врз растот на растенијата...) и употреба на билките за правење на чаеви.

Подготовката на чаеви и искористувањето на отпадоците од истите во постоечките компостери во училиштето дава можност за целосна употреба на нашите одгледани растенија.Горенаведеното може да се постигне преку собирање докази, демонстрирање тимска работа на учениците кои покажуваат интерес кон ботаниката, фармацијата,физиката,програмирањето и музиката.Покрај основните карактеристики на проектот ќе биде овозможено и инклузија, односно директна вклученост на учениците со посебни образовни потреби од училиштето, но и на децата- корисници на Дневниот центар за лица со церебрална парализ,на неколку наврати во активности прилагодени на нивните можности и способности.

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner