Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Развиваме и градиме млади таленти

2020-02-25 13:32:46 Правилно развивање на вештините кај децата, да се зголеми самодовербата и пронаоѓањето на својот талент

Проектот „Развиваме вештини - градиме таленти“ е во организација на ЈУ ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР КАРПОШ и ќе се реализира со деца од градинките и основните училишта од Град Скопје.

Целта на проектот е преку правилно развивање на вештините кај децата, да се зголеми самодовербата и пронаоѓањето на својот талент.

Проектот ќе се реализира преку работилници, добро осмислени активности и кооперативни игри. Од овој проект се очекува децата да станат свесни за себе и за другите, да откријат дека талентот се гради, да се промовираат и афирмираат нивните таленти, преку јавни настапи, изложби, концерти, медиуми... Оваа година акцентот е ставен на предавање и работилници кои се поврзани со македонското народно творештво.

Од ООУ „Киро Глигоров“, во реализација на проектот ќе учествуваат учениците од III a одделение. 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner