Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Креативно менторство

2020-02-26 12:23:47 Интеграција на учениците, за да се постигне повисоко ниво на креативност и инвентивност, како и потттикнување на организаторските способности кај учениците

Проектот „Креативно менторство“ е во организација на ЈУ ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР КАРПОШ и ќе се реализира со деца од основните и средните училишта на Град Скопје.

Целта на проектот е интеграција на учениците, за да се постигне повисоко ниво на креативност и инвентивност, како и потттикнување на организаторските способности кај учениците.

Проектот ќе се реализира со експерти - ментори преку низа предавања и работилници, со теми од сферата на креативните индустрии и тоа: моден и индустриски дизајн, маркетинг и комуникациски медиуми, активности од областа на визуелните и изведбените уметности, архитектурата и информатичките технологии. 

Проектот ќе финализира со готов производ, промоција и презентација на истиот. 

Од ООУ „Киро Глигоров“, во реализација на проектот  ќе учествуваат учениците од V одделение. 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner