Дигитална интеграција во учењето
2020-03-13 20:06:32Почитувани ученици и родители,
По добиените насоки од МОН, БРО и Општина Центар, а со единствена цел да излеземе во пресрет на нашите ученици, ООУ ,, Киро Глигоров,, Општина Центар Скопје, Ве известува дека секој актив на наставници од I -V одделение, подготвува база на податоци, едукативни содржини и посочени интернет сајтови кои ќе ги споделат со Вас во заедничките вибер групи во секоја паралелка.
Целта на овој вид учење е да се посочат платформи кои овозможуваат пристап до содржини соодветни на возраста на нашите ученици, подобрување на дигиталната интеграција во учењето, подучувањето, пристап и учење преку отворени образовни ресурси.
Сето ова, во овој период кога децата не одат во училиште, дава поддршка на учењето базирано на ИКТ, развивање компетенции на наставниците да ги користат новите технологии за подобри резултати од наставата и наставата; подобрување и проширување на понудата на висококвалитетни можности за учење преку иновативни начини на информирање и испорака.
Сé она што го учиме на училиште, нашите ученици ќе можат со помош на овие дигитални содржини да го вежбаат во слободното време и дома..
Едукативно, корисно и креативно , низ разни игровни активности.
Со почит,
Билјана Билбиловска
Директор на ООУ,,Киро Глигоров,,
Општина Центар - Скопје