Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

ДЕНЕС Е ДЕН НА НАШEТО УЧИЛИШТЕ

2020-05-03 10:07:41

 


Почитувани ученици, родители, вработени и сограѓани, денес е Ден на нашето училиште!
За жал, овој пат немаме можност да го одбележиме со пригоден настан и приредба, но учениците и вработените во ООУ,,Киро Глигоров,,Општина Центар – Скопје, преку електронски пат реализираа дел од планираните активности.
Во чест на првиот патронат на нашето училиште, учениците ликовно и литературно твореа на тема „Нашето училиште, мојата иднина" и нивните изработки ќе ги погледнете во видео записот во кој низ фотографии се преточени нашите почетоци, но и сите активности кои се реализираа во училиштето во изминатиот период.
Нашата роденденска порака до сите вас е дека треба да ги почитуваме препораките од надлежните институции за да ја надминеме оваа состојба на совесен и одговорен начин. Да покажеме грижа за себеси и кон нашите најблиски.
СРЕЌЕН ДА НИ Е ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО !
Директор
Билјана Билбиловска

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=d87-rHLm4NM&fbclid=IwAR2MuDlOprH9XyEe7d3iRllQXI1vJIowWUoV4n2kSa6A35vYwH3uJM8MSCs

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner