Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

СОВЕТИ ОД НАШИОТ ПЕДАГОГ ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА НАШИТЕ ПРВАЧИЊА

2020-09-28 14:45:15

Почитувани родители на нашите првачиња, пред вас е голем предизвик. Се ближи денот кога Вшите дечиња ќе се сретнат со нова средина, нови другарчиња, нови наставнички, поголеми обврски... За да го надминете Вашиот страв и да бидете спокојни додека Вашето дете е во наши раце, Ви нудиме корисни совети од педагогот на ООУ „Киро Глигоров“ - Центар, Марина Стојановска.

                                                   

                   ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДЕТЕТО ПРЕД ПОАЃАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ

Почетокот во училиште е важно скалило во животот на децата, и секој родител сака што подобро да го подготви своето дете на оваа промена. Додека некои се занимаваат со буквите и бројките, други ги учат децата рeдовно да си ги мијат рацете или пак да споделуваат со останатите дечиња.
Еве неколку основни работи кои што детето треба да ги совлада пред поаѓање во училиште:
·         Да се грижи за себеДодека е во градинка или дома, децата обично можат да побараат помош кога треба да одат во тоалет. Но во училиште тоа ќе мора да направи самостојно. Секое дете пред почетокот во училиште треба да знае да го користи тоалетот, да си ги мие рацете и правилно и самостојно да се облече. При промена на температурата, детето треба да знае кога треба да го соблече џемперот, а пак кога треба да го облече. Да си го издува носот, да си ја покрие устата кога кива или кашла, се исто така важни работи за еден мал ученик.
·         Да се грижи за личните работиДетето треба да биде способно да се грижи за своите лични работи, но и за работите на другите деца. Тоа значи дека треба да научи да се грижи за нив и да не ги заборава. Детето треба да знае што треба да се фрли во корпа за отпадоци, каде треба да ја чува ужинката и кога треба да ја јаде, да го става капачето на фломастерите, да ги чува тетратките и книгите уредни и на свое место и секогаш да знае каде е местото и каде може да си го најде својот училишен ранец.
·         Развиени фини моторички способности– Секое дете на оваа возраст треба да знае да користи ножички за деца, и правилно да го држи моливот. Покрај ова, треба да знае самостојно да си ги заврзе патиките и да знае да закопче копче.
·         Други моторички вештини– За подобро да се снајде во нова група, детето треба да има развиено и други моторички способности во согласност со неговата возраст како што се скокање, прескокнување, качување, фаќање на топка и така натаму.
·         Развиени интелектуални вештини– На секое дете кое почнува во прво оделение, ќе му биде од голема корист ако знае да брои до десет, ако познава поголем број од буквите и ако ги разликува основните бои.
·         Развивање на социјални вештиниПодобро да се прилагоди во училиштето и да се чувствува како дел од групата т.е оделението, детето треба да знае како да комуницира со другите деца (да споделува, да помага, да се бори за себе, да простува) но и како да комуницира со возрасните.
·         Вештина за разрешување на проблемитеОваа вештина е од голема корист во училиште и децата кои ја поседуваат полесно ги совладува задачите на почетокот. Притоа, не се мисли на комплицирани проблеми, туку на способноста која детето ја развива низ игра, како што се тоа сложувалки, игри со коцки и други различни друштвени игри. Играјте си со своите деца ваков тип на друштвени игри, покрај тоа што ќе се забавувате и ќе поминете квалитетно време со нив, ќе ги припремите и за нови и поголеми животни задачи.
·         Способност за препознавање на своето имеМоже звучи банално, но децата кои штотуку тргнуваат на училиште не се навикнати да се прозиваат па честопати се случува да не реагираат кога учителката го изговара нивното име.
Ако децата се спремни на сево ова, и на почетокот се сретнат со помалку “изненадувања”, и тргнувањето во училиште ќе им биде едно пријатно и забавно искуство.


Корисни совети и насоки можете да прочитате и на следниот линк:

UNICEF Северна Македонија

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner