Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

Градиме мостови

2021-12-06 21:41:23 „Градиме и програмираме мостови со Lego и micro: bit“ и нема јазичната бариера помеѓу учениците од различни етникуми и социјални средини

ООУ „Киро Глигоров“ – Центар, Скопје и ООУ „Мустафа Кемал Ататаурк“, Центар Жупа, го започнаа заедничкиот проект „Градиме и програмираме мостови со Lego и micro: bit“.

Проектот е финансиран од Фондот „Градиме мостови“ кој поддржува интеграција на различни етникуми во РС Македонија.

Учениците од двете партнерски училишта на 29.11.2021 година (понеделник) ги направија своите први чекори во програмирање со micro: bit и конструирање со Lego коцки,  притоа ученици од двете училишта работеа синхронизирано во исто време на исти задачи комуницирајќи меѓу себе со таблети преку интернет на платформата Microsoft Times. Предвидено е активностите да завршат во месец декември.

Во овој Проект учествуваат вкупно 256 ученици, по 128 ученика од секое училиште. Интересот за учество на учениците во овој Проект е огромен, а изборот на учесниците беше направен според нивните желби и афинитети  за програмирање и конструирање со Lego коцки.

Целта на Проектот е да се сруши јазичната бариера помеѓу учениците од различни етникуми и социјални средини користејќи ја работата на ист проблем како средство на поврзување.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner