Општинско Основно Училиште
„Киро Глигоров“ – Скопје

ГРАДИМЕ МОСТОВИ

2021-12-06 21:49:47

На задоволство на учениците од ООУ „Киро Глигоров“ – Центар, Скопје и ООУ „Мустафа Кемал Ататаурк“, Центар Жупа, проектот „Градиме и програмираме мостови со Lego и micro: bit започна.

Проектот е финансиран од Фондот „Градиме мостови“ кој поддржува интеграција на различни етникуми во РС Македонија.

Учениците од двете партнерски училишта на 29.11.2021 година (понеделник) ги направија своите први чекори во програмирање со micro: bit и конструирање со Lego коцки,  притоа ученици од двете училишта работеа синхронизирано во исто време на исти задачи комуницирајќи меѓу себе со таблети преку интернет на платформата Microsoft Times. Предвидено е активностите да завршат во месец декември.

Во овој Проект учествуваат вкупно 256 ученици, по 128 ученика од секое училиште. Интересот за учество на учениците во овој Проект е огромен, а изборот на учесниците беше направен според нивните желби и афинитети  за програмирање и конструирање со Lego коцки.

Целта на Проектот е да се сруши јазичната бариера помеѓу учениците од различни етникуми и социјални средини користејќи ја работата на ист проблем како средство на поврзување.

Впечатоците од неколку сесии кои се одржаа во изминатата седмица ни даваат за право да веруваме дека очекуваните ефекти ќе се исполнат т.е. учениците ќе уживаат во работата и соработката со учениците од партнерското училиште и преку игра ќе решаваат сложени конструктивни и програмерски задачи. Нивното секојдневно дружење преку интернет ќе создаде бројни пријателства кои по завршување на пандемијата ќе може да прераснат во вистинско дружење и заемни посети на двете училишта.

Поради големиот интерес на учениците од двете училишта имаме добра причина да веруваме дека ова партнерство помеѓу училиштата ќе стане традиционално, а проектните активности ќе продолжат во годините што следуваат како слободни активности во форма како што се одвиваат во Проектот (онлајн соработка на сесиите преку интернет).

За активностите кои ќе следуваат во следните денови и седмици ќе бидете известувани на нашата веб страница.

ПРИКАЗНАТА ПРОДОЛЖУВА ...

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner